Свет

(ВИДЕО) Мало торнадо направи пустош во Турција

Мало торнадо во текот на ноќта го погоди турскиот град Чешме на егејскиот брег, оставајќи зад себе пустош во кој беа повредени 16 лица, соопштија локалните власти.  Сите повредени се работници кои биле во монтажен објект на градилиште на кое се урнал кран.

Силен ветер синоќа погоди летувалиште околу 90 километри западно од градот Измир. Ветрот откорнал дрвја, носел црепови и оштетил автомобили.

фото: Ege’de Son Dakika

 

На почеток