Премиерот Зоран Заев денеска пред Кривичниот суд истакна дека разочаран што се случи уште едно бегство во земјава, говорејќи за бегството на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
„Народот бара правда, а се случи уште едно бегство. Исто како и целиот наш народ така и јас секако сме разочарани од тоа што сѐ уште не е пронајден и не е приведен, односно не е однесенo во домашен притвор лицето Сашо Мијалков“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите, и ја изрази својата, како и загриженоста на граѓаните што сѐ уште не е лоциран човекот за кого вчера е изречена мерка домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.
„Барам веднаш да постапат институциите и да направат пронаоѓање на Сашо Мијалков и да ја спроведат судската пресуда. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детално информации од надлежните институции под извршната власт, а тоа е МВР, како и очекувам комплетно детали со истрага за самиот случај од судот, од ЈО и од МВР. Целосно нашиот народ очекува расветлување на ваквиот случај и секако понесување одговорност доколку не се спроведе судското решение“, нагласи премиерот Заев.
фото: Архива