Премиерот Зоран Заев денеска повторно кажа дека верува дека денови се во прашање кога ќе стигнат вакцини во земјава.
„До крајот на март ќе ги добиеме тие 21 000 дози од ’Фајзер‘. Веќе во вториот квартал од годината имаме поголеми количини. Не се работи за несериозност затоа што целиот свет и целиот наш народ знае дека единствена причина е недостатокот на производство за кои било количини што ќе се набават. Имаме направено повеќе од тоа што е доволно, имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ отприлика да се вакцинира за да се постигне имунизацијата, за која би било потребно да има 2 милиони вакцини. Ако ги броите 800 000 од ’Фајзер‘, 833 000 од Ковакс механизмот, 400 000 – двапати по 200 000 од Кина, 200 000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согласно грантот од 70 милиони евра, донациите кои ги најавија соседите, стигнуваме до 2,5 милиони. Сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми и алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекси да платиме, сѐ со конечна цел да преземе сè што е неопходно“, истакна Заев.
фото: Архива