Македонија

Адвокатот на родилката на која и беа извадени три органи: колку органи требаше да извадат на мојот клиент за да има лекарска грешка?!

Адвокатот на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која по породување со царски рез дома си замина без бубрег, јајник и матка, за „А1он“ вели дека е невозможно по три извадени органи од сосема здрав човек да се тврди дека нема лекарска грешка.

„Мојот став во поглед на ова прашање е изразен со поднесената кривична пријава против лекарите кои постапувале во овој конкретен случај, но исто така мојот став е и дека е природно и физички невозможно да отстраниш три витални органи на здрав и прав човек и притоа да тврдиш дека нема лекарска грешка. Па колку органи требаше да извадат на мојот клиент за да има лекарска грешка?! Очигледно едниот јајник што е оставен во телото на мојот клиент ги амнестира лекарите од сторена лекарска грешка. Се прашувам доколку го извадеа и овој, сега неупотреблив јајник, дали ќе имаше лекарска грешка? Ова е малку тажно за македонското здравство, зарем не?“, вели адвокатот Сашо Јанев за „А1он“.

Родилката Веапоска за „А1он“ рече дека не ја изненадила ваквата одлука на Лекарската комора оти веќе и кажале дека Мухамед Асани заминал на ручек заедно со Комисијата од лекарската комора откако направиле увид во болницата.

Текстот во целост на: „А1он“.

На почеток