Македонија

Заев: Вртев и по тајните служби да помогнат да набавиме вакцини, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за телевизија Сител кажа што се птавела Владата за да обезбеди вакцини против КОВИД 19. Тој откри и дека конктатирал луѓе од тајни служби низ светот.

-Фајзер договорот е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме 20-30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот. Последните писма ги испратиме до АстраЗенека Австрија. Иако претходно контактиравме и со АстраЗенека Британија. Вртев и по тајните служби да помогнат, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6 и слично, рече Заев.

фото: Влада

На почеток