Македонија

Според извештајот од Патологија органите од родилката Веапоска биле извадени здрави

Повеќе медиуми објавија извештај од Патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска која по породувањето од страна на директорот на струшката болница остана без три органи, матка, бубрег и јајник.

Телма јавува дека Веапоска тврди дека без да бидат прашани таа и нејзиниот сопруг, д-р Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на Патологија.

-Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка, пишува Телма.

Од Обвинителството,  уверуваат дека активно се постапува по двата предмети. И за илегалната ординација и за случајот со Веапоска.

Појаснуваат дека се сослушуваат лица кои можат да дадат податоци, се прибираат материјални и вербални докази, а откако сето тоа ќе се комплетира, ќе се направи анализа и ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за двата предмети.

фото: Архива

На почеток