Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека локалните избори ќе треба да се одложат за еден месец ако политичките партии до крај на март не се договорат за земање отпечатоци од прст при гласањето.
„Од она што го слушаме постои политичка волја да се заврши таа работа“, истакна Даштевски.
Според него, итно треба да се изгласаат измените на Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа и меѓународен тендер поради високата сума, за што побрзо да се поврзат базите на податоци на граѓаните од МВР. Парите, за намената, како што посочи тој, се обезбедени.
Извор/фото:Слободна Европа