Македонија

Антикорупциска ја чека документацијата за кинеските вакцини, па потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка

Антикорупциска ја чека документацијата за кинеските вакцини, па потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка. Обвинителството и Финансиската полиција засега само ги следат информациите за набавката. Во меѓувреме кинеските вакцини никако да стигнат во земјава, објави slobodnaevropa.mk. 

„Од Министерството за здравство рекоа дека ќе ни овоможат пристап до документацијата, па потоа ќе донесеме одлука дали ќе се покрене постапка за случајот. Побаравме и од Владата да ни ја достават целата документација за набавката на вакцини и од другите производители“, велат од Антикорупциска за РСЕ.

За разлика од Антикорупциска, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Финансиската полиција се уште само со интерес ги следат случувањата и информациите во јавноста.

Авансот за вакцините од „Синофарм“ беше вратен, а италијанскиот весник „Ла верита“ објави дека причината е затоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, а која била наведена во две писма од Филипче до кинескиот производител. Филипче и премиерот Зоран Заев изјавија дека „при напорите да се обезбедат вакцини против ковид е направено се, но ништо на незаконски начин“.

 

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

На почеток