Паднаа во вода сите надежи дека до крајот на овој месец Македонија ќе ги добие вакцините на Фајзер преку директниот договор – затоа што договор финализиран нема признава министерот Филипче, објави Алфа.
На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација, рече Филипче.
Министерот Филипче и Владата уште во јануари се пофалија и тврдеа дека Македонија има обезбедно 800.000 вакцини преку директни преговори со „Фајзер“, и покрај тоа што до сега немаат потпишано никаков официјален договор за набавка на овие вакцини.
Текстот во целост на: Алфа.