Свет

(ВИДЕО) Протест против епидемиолошките мерки во Германија – полицијата употреби солзавец и палки

Демонстрантите во германскиот град Касел денеска се судрија со полицијата за време на протест против епидемиолошките мерки. Полицијата за да ги растера демонстрантите употреби солзавец и палки .

На протестот во Касел учествуваа околу 7.000 луѓе.  Покрај судирите со полицијата, имаше и неколку судири со контра-демонстрантите, јави германската новинска агенција ДПА.

Неколку групи, од кои повеќето екстремно десничарски противници на владините политики за борбата против пандемијата, повикаа на протести низ целата земја.

фото: PRTSC

 

На почеток