Магазин

МРТ одлучи: Гарванлиев ќе не претставува на Евросонг -боите од бугарското знаме во спотот биле само перцепција

Комисијата за одговорност од македонската радио телевизија денеска донела одлука дека нема ништо спорно во тоа Васил Гарванлиев да ја претставува земјава на Евросонг.

Од таму велат дека боите од бугарското знаме во спотот биле само перцепција, а државјанството е лична слобода.

  • Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи, велат од МТВ.

Во јавноста се крена врева, поради два кадра на спотот кои беа протолкувани како спорни.

  • Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи, објаснуваат од МРТ.

Од таму додаваат дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.

фото: Архива

На почеток