Македонија

Почина Александар Шиколе, познат доктор и професор на Медицински факултет

На 67 годишна возраст, во Скопје по кратко и тешко боледување почина познатиот доктор и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, Александар Шиколе.

Шиколе беше редовен професор на катедрата за интерна медицина,  наставно – научната област нефрологија и вработен на Универзитетска Клиника за Нефрологија во Скопје, каде подолг временски период ја извршуваше директорската позиција.

Докторите на социјалните мрежи се простуваат од својот професор и колега.

Фото: Социјални мрежи

На почеток