Во текот на денов или утре Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид – 19. Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, објави А1ОН.
„Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.
Текстот во целост на: А1ОН.