Свет

Педофил силувал 6-годишно девојче во ресторан, ја пронашле во машкиот тоалет

Шест годишно девојче е силувано во ресторан во Преторија, во Јужноафиканска Република.

Педофилот го следел девојчето со поглед, се додека тоа не се оддалечило од родителите, при одењето во тоалетот. Тој ја одвлекол во делот наменет за мажи, а потоа ја силувал. Нападот е откриен кога мајката почнала да ја бара својата ќерка.

„Беше потполно гол, како и детето. Девојчесто крвареше од препоните. Кога го видоа тоа, луѓето кои се затекнаа во ресторанот почнаа да го напаѓаат манијакот“, изјави еден од сведоците, додавајќи дека во еден момент, сопственикот морал да го заклучи влезот во тоалетот за да го спаси мажот од линч пред да дојде полицијата.

Од полицијата изјавија дека осомничениот е уапсен и ќе биде суден за силување.

„Ние сме во постојан контакт со семејството на жртвара. Тука сме да и го пренесеме нашето длабоко жалење и емпатија, како и помош во било која истрага, како и поради тоа што ова е чувствителен случај, не сме во можност да даваме изјави и дополнителни информации за злосторството“, соопштија од управата на ресторанот.

На почеток