Бугарија идната седмица ќе добие 200 000 вакцини, а премиерот Бојко Борисов најави дека ќе предложи 5 000 да бидат испратени кај нас, објави МИА од Софија, пренесувајќи ја изјавата на Борисов.
Борисов, ја даде изјавата за време на увидот на градежните работи на модернизацијата на компресорска станица „Лозенец“, изрази и уверување дека Бугарија во април ќе добие над милион вакцини.
Борисов во декември на владината седница во Софија, на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче, рече дека од секоја пратка на вакцини кои ќе стигнуваат во Бугарија, ќе се одвојуваат и за Северна Македонија.
Фото: Архива
