Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, објави slobodenpecat.mk. Според медиумот јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.
Од МВР го потврдуваат случајот.
– На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.
фото: Архива
