Коментари

„Загинал Антонијо Милошоски“, пријателите на пратеникот вознемирени од веста на Тричковски

„📌Вчера ми се јавија блиски луѓе вознемирени од “веста” на Б.Тричковски, новинар платен од редовите на владеачката партија, дека сум загинал во сообраќајка и згрозени од текстот.
⛔Што да се каже? Во ова време на пандемија, смрт и семејни несреќи од кои сите сме загрозени, навистина е умоболно на било кое семејство или поединец да му злокобиш со желби за смрт? Политиката е политика и не е чудно во неа да сретнеш и лични напади, и навреди, и шпекулации, и да се справуваш со тоа. Но ова што го прави платеникот на пропагандниот тим на власта, е навистина мрачно и затруено со слепа омраза кон било кој поистакнат политичар кој ја критикува владата.
📌А сеењето на говор на омраза никогаш не донело ништо добро ниту на извршителот кој ја шири омразата, ниту на политичарите кои ја нарачуваат ваквата некрофилија. Ова не е ниту демократски, уште помалку човечки чин, а на Македонија само И создава лош имиџ пред ОБСЕ и ЕУ, како држава во која хибридниот режим злоупотребува ментално нестабилни платеници за да предизвикуваат трауми кај семејствата на политичките неистомисленици. Дно!
⛔ Да се поднесува пријава до обвинителството или до МВР за ваквата морбидна некрофилија, во време кога и двете овие институции се дел од хибридниот режим на власта нема многу смисла. Но, корисно би било и за сегашните властодршци да сфатат дека политичката битка не треба да биде изговор за да се погази минимумот на човечки однос кон било кого на јавната сцена.
📌Во целиот овој зломрачен нарачан напад сепак најмногу ми значеше поддршката од најблиските во семејството, од пријателите, но и неколкуте јавувања и пораки од мои познаници во СДСМ , кои иако не јавно, сепак најдоа за сходно лично да се оградат од морбидната некрофилија на Тричковски. Им благодарам на сите нив. Животот, семејствата и пријателствата се сепак посилни од некрофилија на јавната сцена.
Посакувам многу здравје и добри мисли на сите!“, пишува пратеникот Антонијо Милошоски.

 

На почеток