Млада девојка е тешко повредена во сообраќајка во Скопје, по што е пренесена во болница со Брза помош. Несреќата се случи во близина на населбата Пинтија, на булеварот Борис Трајковски.
Луѓето кои биле сведоци на страотната несреќа раскажуваат дека до неа дошло откако автомобил возел во спротивен правец, поминувајќи две полни линии, по што удрил во друг автомобил.
За состојбата на повредената девојка нема информации, а автомобилот марка „БМВ“ во кој удри другото возило, е искршен.
Од МВР нема официјални информации за сообраќајката.