Македонија

Гоце Илиески возачот од прилепската Брза помош за кого се собираа донации, ја изгуби битката со КОВИД 19

Возачот во прилепската Брза помош за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби битката со коронавирусот.

И покрај помошта од сите Илиески на издржа. Почина на 42 години, а зад себе остави сопруга и две малолетни деца.

Со Ковид- 19 се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.

Прилепчани се шокирани од трагедијата која му се случи на семејството. На осми март почина мајката на Гоце, но најблиските одбиваа да му ја кажат лошата вест бидејќи и самиот беше во критична состојба. Ја имал само неа, бидејќи татко му починал во 2007 година.

И синот на Илиески, Филип (12), беше хоспитализиран во клининиката Козле, но после долго боледување е подобар.

фото: Архива

 

На почеток