Градоначалникот на Дојран Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг.
Овој гест следува како одговор на донациите во вакцини кои ги добивме од Србија.
„Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација“, велат во заедничка изјава Ангов и Јаневски.
фото: Архива