Македонија

Стоилковски: Ако нема пари за петтиот пакет помош, Заев нека го каже тоа јасно и гласно

Испливува на површина нова лага од Зоран Заев и неговата мафија! Директно, Зоране Заев, каде е сега петтиот пакет таканаречени мерки, за којшто се вадеше на ВМРО-ДПМНЕ? Каде е сега проблемот, за којшто Заев и неговите од мафијата се жалеа дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи помошта?

Еве им сега чист пат за помош за економијата! А, сега нека кажат што им пречи и зошто не се помага стопанството, фирмите, за оние вработените од 7.000 фирми кои што според УЈП се уште не се уште не ја исплатиле февруарската плата, а еве го мај доаѓа, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски додаде:

Излези Заев и кажи ја вистината сега, дали и следната недела воопшто ќе има, дали воопшто ќе се одржи седница на Собранието за помош на економијата, или ќе најдеш ново оправдување?

Јасна е приказната! Зоран Заев и мафијата лажат! Мошне веројатна вистина е дека буџетот нема пари за помош, за овој надуван балон на надежи. Ветувањата за помош се исти како ветувањата за вакцини кои што ги нема! Ниту помош за економијата има, ниту вакцини има, се се тоа лаги!

Зоран Заев мора да каже што уште чека? Зоран Заев сега мора да каже зошто ги собра пратениците за да си изгласа доверба за себе, а не ги изгласа во истиот ден и петтиот пакет мерки, зашто беше изгласан во влада од 16-ти февруари!? Утре е 16-ти април, два месеци се шират лаги, манипулации и се крие вистината преку лажни ветувања. Зоран Заев мора да каже дали зад ова влечење и лажење и префрлање на вина кон ВМРО-ДПМНЕ – главната причина е дека НЕМА ПАРИ за помошта? Зоран Заев мора да каже дали преку својот платен пи-ар тим не ја лаже јавноста за пакетот мерки, цели два месеци, само и само во функција на политички маркетинг?

Па така ли е Заев? Нема пари за работниците, ама имаш за 55 хонорарци за лично рекламирање и за тимот на ТендеРашко, а сега и за вработување кај Љупчо Путер Николовски?

Ако нема пари за помош, Зоран Заев нека го каже тоа јасно и гласно. Ако нема пари за помош, Зоран Заев нека ги отпушти сите оние партиски војници за ширење лаги коишто ги вработи на празниот буџет. Ако нема пари, Зоране Заев, замини си и престани со лагите за блескање, ликвиден буџет и сите други манипулации додека цвета криминалот во земјата!

Ниту економијата, ниту работниците без плата, ниту затворените работни места, ниту опозицијата, никој не е виновен што нема пари. Виновен си ти заедно со твојата мафија што ја окупиравте државата, го испразнивте буџетот. Заради лагите на Заев во Македонија царуваат лагите, криминалот, болест и смртта!

видео: ВМРО ДПМНЕ

На почеток