Министерот за здравство, Венко Филипче денеска соопшти дека и денеска има починато младо женско лице. Тој додаде дека родителите дале согласност за донација на органите.
„Веројатно дека имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација. За жал, имаме млада почината пациентка, а има согласност за донација на органи од нејзините родители, и се прават анализа дали може да се направи трансплантација и на срце, и на бубрези. Ако имаме можност трансплантација на срце, ќе биде истиот тим како претходниот пат кој ја направи минатата трансплантација“, рече Филипче.
фото: Архива