Државните лаборатории нема да прават тестови за антитела за ковид на товар на Фондот. Ваква одлука е донесена бидејќи ваков тип на тест не е задолжителен во важечките протоколи.
Секој кој сака да направи ваква анализа да плати приватно по цена од 736 денари, објави skopskoeho.mk.
Анализите на детекција на антитела од класата IgG и IgM специфични за SARS-CoV-2, се наменети со цел да се утврди дали поединци биле изложени и заразени со овој вирус и дали развиле специфичен имун одговор.
Според важечките протоколи на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство единствени анализи кои треба да се користат за дијагностика на SARS-CoV-2 се ПЦР- тестот и брзиот антигенски тест. Според тоа, анализите за детекција на антитела од класата на IgG и IgM не треба да се користат при третманот на пациентите заболени со ковид-19.
Но, министерот за здравство Венко Филипче, денеска коментирајќи ја ваквата одлука рече дека утрово разговарал со директорот на Фондот за здравствено осигурување и одлучиле, сепак да има можност и понатаму дел од граѓаните, оние кои ќе имаат индиција за проверка на антитела тоа да може да го направат на државно.
извор: skopskoeho.mk.