Скопје

(ФОТО) Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата Рузвелтова

Започнаа реконструктивните зафати на вториот крак на улица Рузвелтова, каде што е предвидена промена на водоводната и канализационата мрежа.


На првиот крак, каде е завршено поставувањето на водоводната и канализационата мрежа и е изведено тампонирање со цел да се добие зголемена стисливост, се работи на поставување подземен довод за уличното осветлување.


Вкупната вредност за реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, која опфаќа водовод, канализација, улично осветлување, коловоз и урбана опрема изнесува 11.331.728 денари.
Покрај реконструктивните зафати во централното градско јадро, во тек се активности и во руралните средини согласно предвидената програма и динамика за реализација.

На почеток