СМС-аферата да ја тресе Австрија. Медиумите дојдоа до голем број пораки што канцеларот Себастијан Курц наводно ги разменил со поранешниот секретар во Министерството за финансии, Томас Шмид, што поттикна на многубројни шпекулации за нивниот меѓусебен однос.
can't stop thinking abt this news report like HELLO "du kriegst eh alles was du willst 😘😘😘" pic.twitter.com/Ti83LDSfce
— fishh (@sexyhorseman69) April 7, 2021
Шмид му испратил порака на Себастијан Курц во која го замолува да му вети дека ќе има вистинска моќ на новото работно место, а не само церемонијална улога.
„Добиваш сè што ќе посакаш“, му одговорил Курц.
„Пресреќен сум… го сакам мојот канцелар“, му напишал Шмид.
Се чини дека нивната преписка била многу блиска, па пронајдени се и пораки со бакнежи, што канцеларот наводно ги упатил до секретарот. Во телефонот на Томас Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува „Блик“.
Der "neue Stil", der versprochen wurde, war in unserer Vorstellung etwas ganz anderes.
Das, was jetzt passiert, DAS ist der "neue Stil".Wenn man das durchgehen lässt, hat man ihn akzeptiert.
Anneliese Roher
8.4.2021#Kurz #Blümel #Schmid pic.twitter.com/odR95dN52W— mobika stewart (@MobikaStewart) April 11, 2021
Јавноста со денови шпекулира за она што е напишано во пораките што беа откриени откога, по аферата „Ибица“, истрагата продолжи против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе, но и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц.
Одземен му е мобилниот телефон на Шмид, во кој, според „Суедојче цајтунг“, наводно, сè било избришано, но форензичарите сепак успеале да ги пронајдат пораките, меѓу кои се и оние што ги разменил со канцеларот. Тие пораки, според медиумите, треба да бидат доказ за тоа како секое назначување завршува на самиот врв на власта.
Покрај пораките, како што пренесува „Блик“, во службениот телефон на Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, на кои се гледа машки полов орган.
Обвинителството испитува од каде се фотографиите, но исто така испитува и како доказите од истрагата се обелодениле во јавноста.