Оваа влада произведува повеќе корупциски скандали отколку што може да ги прати опозицијата и пошироката јавност. Додека не стивнувале коментарите за приведувањето поради корупција на поранешниот секретар на Владата, на виделина е нова слична афера во Управата за матични книги, предводена од
кадар на ДУИ, Бујар Дардхишта, се вели во соопштението од Коалиција Алијанса за Албанците и АлтернАтивА.
Во продолжение на истото се додава:
Како што соопштија медиумите, во име на дигитализација на матичните книги, таму се вршел тендер вреден скоро половина милион евра (поточно 480.000 евра), кој е добиен од компанијата „Нова инв“ – сопственост на
син на бивш функционер од ДУИ и актуелен амбасадор во една европска земја, основана пред три месеци или само еден месец пред да се објави јавната набавка. Сомнежот се засновува и во поставените критериуми, како
што е промената на основните услови, наместо искуството на компанијата и нејзината финансиска стабилност, биле поставни критериуми за квалификации на персоналот и, очигледно, тоа е сторено со цел таа компанија да го добие тендерот и да ги дисквалификува другите апликанти или да оневозможи други апликации.
Затоа, со вакво основано сомневање, ние сме денес тука – во име на коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА – да реагираме и да побараме од Комисијата за спречување на корупција да го преиспита овој
случај, како и од Јавното обвинителство да постапи по истиот. Бидејќи ова не е прв пат Управата за матични книги да спроведува вакви сомнителни тендери, очекуваме од горенаведените институции – во име на транспарентноста – да дадат и повеќе детали за аферата, а покрај тоа да ја известат јавноста на чија сметка од функционерите на ДУИ е
реализирана оваа зделка. Дали последниот корисник е директорот на оваа институција или таа води до претседателот на ДУИ?
Ние како опозиција ќе чекаме одговор и нема да се откажеме од интересот за дознавање на вистината. Во спротивно, ќе мора да заклучиме дека се работи за класична корупција што ја спонзорира Владата.
На крај мора да заклучиме дека една влада која и во време на економска криза и пандемија си дозволува себеси да упаѓа во народни пари, сигурно не заслужува да владее повеќе. Затоа, само едно ново мнозинство, широка
влада или експертска влада може да биде спасот од оваа ситуација.
Коалиција Алијанса за Албанците и АлтернАтивА