Македонија

Кајмаковски во болница: Пријавил дека екс сопругата му ставила дрога во кафето

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.

МВР објави дека 38 – годишник со иницијали (Д.К.) бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот, објави А1ОН.

Поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска, за „А1он“ рече дека не сака да коментира за обвинувањата.

„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, кусо одговори Димитријевска на прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му дала кафе од кое му се слошило и го исклучи телефонот.

Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син.

Текстот во целост на: А1ОН.

На почеток