Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај и да го убијат претседателот Александар Лукашенко, објави ФСБ.
Уапсени се Александар Федута од Белорусија и Јури Зенкович, кој има двојно државјанство – белоруско и американско.
Акцијата била спроведена во соработка со белорускиот комитет за државна безбедност и, како што подоцна било утврдено, тие планирале да извршат воен удар „според стандардното сценарио на обоени револуции со поддршка на локалните националисти“.
Според белоруската страна, тие се согласиле на сè преку месинџер, а потоа решиле да организираат состанок во Москва со одредени белоруски генерали кои би биле вклучени во целиот процес.
ФСБ наведува дека состанокот бил организиран во еден од московските ресторани веднаш по пристигнувањето на Зенковиќ во Москва по консултациите во САД и Полска, а нивниот план бил да ги окупираат сите радио и телевизиски радиодифузни центри за време на пучот, да ги блокираат институциите, како и да го затворат целиот енергетски систем на Белорусија со цел да се отежне работата на полицијата и армијата.
Нивната цел, додава ФСБ, била да го сменат уставниот поредок на земјата со испразнување на претседателското место за да може „Националниот комитет за помирување“ да ја извршува таа функција.
ФСБ додава дека по апсењето, тие биле предадени на белоруската страна за обработка.
фото: TASS