Македонија

Зголемени цените на основните прехрамбени производи, експертите велат цените растат пред пролетните празници

Граѓаните се жалат на зголемените цени на основните прехрамбени продукти и на се понискиот стандарт во третиот бран од пандемијата. Но, економските експерти смируваат дека се работи за постојан пролетен тренд на зголемување на цените што го диктираат берзите и дека во мај ќе следи стабилизирање на цените, објави Телма.

Во услови на трет бран од пандемијата, кој погоди многу граѓани, што останаа без работа, дополнителна тежина се и зголемените цени на основните прехрамбени производи. Граѓаните се жалат дека потрошувачката кошничка е се помала , а џебот се поплиток поради зголемувањето на цените на дел од производите до 5 денари.

Како пазарувам , така гледам дека голем дел од парите што ги заработувам ми одат на храна и на сметки. И малку ми е густо, не малку , малку повеќе. И ако земам некои суплементи кои ги користам против пандемијата , сум без пари. Би кажала за 20% повисоки цени имаме во однос на една Германија, смета друга граѓанка.

Не се очекува инфлацијата да се вивне – туку станува збор за тренд, односно цените на основните продукти растат пред пролетните празници, потврдуваат економските експерти. Но, според нив, актуелните покачувања на дел од производите во малопродажбата се поради зголемувањата на цените на берзата.

Текстот во целост на:  Телма.

 

На почеток