Коментари

Заев им честиташе на пратениците кои болни со Ковид-19 излегоа од дома и гласаа во Собранието

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Според него, очигледно е дека неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.

МАКЕДОНИЈАЗаев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризамОбјавено пред 8 минути – 18 април, 2021Од Макфакс

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Според него, очигледно е дека неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.

„Мицкоски и неговиот соработник Апасиев правеа сѐ да си ја задоволат пустата желба да предизвикаат проблем во владејачкото мнозинство, при тоа решени да одат до крај дури по цена на загрозување на личната економска егзистенција на илјадници граѓани кои ја чекаат помошта. Доказ за нивната фрустрација е последниот очаен потег со кој Мицкоски бара од Претседателот на државата да не ги потпишел усвоените закони со што уште еднаш непромислено потврдува дека работи против народот и дека презема чекори народот да не добие помош. Но, попусто им е“, напиша Заев.

Денес, додава тој, Мицкоски и Апасиев можат само да жалат, блокадата не им успеа, мнозинството и во најтешки услови докажа дека е стабилно и силно и дека функционира.

Заев упати честитки до заболените пратеници кои, како што вели, и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните.

 

извор: ФБ Зоран Заев

На почеток