Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одлучува – ќе има ли продолжување на полицискиот час и остануваат ли затворени угостителите?

Комисијата за заразни болести денеска треба да препорача дали ќе продолжат да важат сегашните рестриктивни мерки, ќе се воведат нови пооштри, или ќе има нивно олабавување, по што одлука ќе донесе Владата.

Актуелните рестриктивни мерки важат од 6 до 20 април и вклучуваат полициски час од 20 часот навечер до 05 часот наутро, а поради третиот бран на коронавирусот затворени се угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и спортските обложувалници, теретаните, фитнес клубовите…

Одлуката за овие рестриктивни мерки беше донесена поради  големиот број нови случаи на ковид-19 и хоспитализирани пациенти, по што беа отворени и неколку модуларни болници.

фото: Архива

На почеток