Од 17 – ти декември лани до 21 – ви јануари годинава, Драги Рашковски цел имот го префрлил на име на малолетните деца кои се пред училишна возраст, пренесе Алсат.
Поранешниот генерален секретар на Владата, нема веќе ништо на негово име. Сега, мелолетниците освен станот во Скопје од 65 квадратни метри, целосно поседуваат и 11 илјади квадратни метри во викенд населбата Побожје во подножјето на Скопска Црна Гора, каде семејството Рашковски треба да гради екстра луксузна хациенда од 800 квадратни метри. Според извори од Антикорупциска, веќе на 25 јануари од кога завршил процеост на трансфер на имот, Драги Рашковски од општина Чучер Сандево добил потврда дека двата плаца каде ќе гради се во викенд населбата, но и дека просторот е во градежна зона, наведува Алсат.
Станува збор за вкупно 2195 метри квадратни каде треба да никне екстра луксузната вила од 800 метри квадртани. Алсат уште минатата недела објави дека малолетните деца на Рашковски треба да инвестираат во изградба на луксузна вила во Побожје. Според преоктот во кој имавме увид, во хациендата предвидени се базен, теретана, билијард соба, винарска визба но и многу други погодности. Рашковски никогаш не одговори колку ќе чини изградбата на ваков луксузен објект. Затоа консултиравме градежен инжинер кој пресмета дека изградбата на објектот до карабина, заедно со занаетчиски работи внатре, би чинел над 400 илјади евра.
Тектот во целост на: Алсат.