Македонија

Специјализант кој е на платен список во ГОБ 8 Септември, четири години не се појавил на работа, а зема плата

Специјализант кој е на платен список во ГОБ 8 Септември, четири години не се појавил на работа, објави Слободен печат.

Директорот на болницата Д-р Христијан Костов, потврдува дека специјализантот земал 30.000 денари плата, но и дека медицинскиот персонал е револтиран особено сега во време на пандемија.

„И за него и за уште една колешка, исто така специјализантка, отворивме дисциплинска постапка. Не сум го видел во болницата четири години а морам да му давам 30 илјади денари плата, бидејќи таков е договорот со Министерството за здравство. вели Д-р Костов за Слободен печат.

фото: Архива

На почеток