Едно лице е убиено, а две се ранети во супермаркет во Лонг Ајленд, кога напаѓач отворил оган, соопшти полицијата. Според медиумите напаѓачот избегал од местото на злосторството.
Се претпоставува дека осомничениот по пукањето влегол во автобус и побегнал во непознат правец, но според последното полициско соопштение полицијата го знае идентитетот на напаѓачот.
BREAKING: 1 killed, 2 injured in shooting at Long Island Grocery Store. Suspect at large still. 49yo Employee was killed near the managers office in the store. There was a couple hundred people in the store at the time of the shooting.
Nearby schools are on Lockdown
— United States News Block (@USNewsBlock) April 20, 2021
Се работи за 30-годишниот Габриел Двајт Вилсон, кој носи црна облека и се претпоставува дека е вооружен и опасен.