Вечерва во Струга на улицата „Ристо Крле“ се случило убиство. Според првите неофицијални информации се работи за убиство извршено од сопруг врз неговата сопруга, објави NEWS1.MK.
Најпрво мажот со нож ја заклал сопругата, а потоа се обидел да се самоубие. Неофицијално сопругот е пренесен во болница и е во животна опасност.
Во 19,15 часот пријавено е дека во Струга, на ул.„Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала ИМП, а Ј. Р. (1982 ) е повреден и е пренесен во ОБ Струга. Се работи на расчистување на случајот.