Лице кое утринава било спроведено до Кривичниот суд успеало да и избега на затворската полиција, дознава Курир.
Според неофицијални информации на Курир, лицето било спроведено до судот за рочиште, но најверојатно ја искористило гужвата пред Судот и избегало.
Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда за Курир.
фото: Архива