Премиерот Зоран Заев порача денес дека е недозволиво јавното полемизирање на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, како државен службеник именуван од Владата, при што порача дека му е пријател, но има доволна основа за негово разрешување, за што ќе решат службите.
„Се прераспрередени согласно планови за нивна вклопливост во институциите. Секојдневно да се препукувата со претседателот и потпретседателот на Владата е недозволиво. Очекувам да биде донесен предлог за негово разрешување, и тоа од Љупчо Николовски. Јавно да правите коментари да ги понижувате претпоставаените за нешто што е транспаренто и поставено на искрени основи, на самите институции е недозволиво. Ако нема систематизирано место, не мора а биде примено. Но ова е прашање кое народот очекува да го решиме. Минуваат месеци, минуваат години, затоа што се дават плати, а не работат ништо. Самиот податок кој го имам, и ред е да го сооопштам: 1349 луѓе беа дел од процесот, 1182 прифатиле распоредување. Важно е да прифатат, а не само институцијата дали ќе ги прифати или не. 38 одбиле и одат на трансфер листа, 13 сами си дале отказ. 87,62% е успешен планот досега. Сите граѓани се наши граѓани. Земале плата а не работеле. Сега треба да ги распоредим. Некаде и други институции не ги прифатиле, но секој ден да водите полемика е пркос кон не е дозволен. Таа хиерхија мора да се почитува. Стојко Пауновски ми е пријател, чесно зборувам во делот на своите очекувања. Мислам дека ова е доволна основа за негово разрешување. Очекувам службите да отворат постапките, доколку постои како што јас мислам, дека има основа за негово разрешување“, рече Заев.
фото: Архива