Македонија

Попов до Богдановиќ: Според записник на Пазарна, гостин во хотел си бил од полноќ, а снимката е пред тоа, не си смеел да бидеш во кафеаната

Лагите на Саша Богдановиќ се со кратки нозе. Според записник од Пазарната инспекција, тој се чекирал во хотелот во 12 часот, односно точно на полноќ. А, снимката која излезе од него, како седи во кафеана и го служат келнери е 2-3 часа пред тоа. Дали во обид да го правдаат институциите на Заев, тие всушност го дозакопаа Богдановиќ?

Записникот на Пазарна е крунски доказ дека Богдановиќ не смеел да седи во кафеаната затоа што не бил гостин на хотелот, а гостин станал по полноќ, кога веќе јавноста реагираше на социјалните мрежи за случајот, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов додаде:

Очекуваме институциите до крај да постапат и да го казнат градоначалникот. Не може граѓаните да плаќаат по 2.000 евра казна за кршење на полицискиот час и казни за неносење на заштитна маска, а Богдановиќ да аздисува по кафеани во полициски час.

Пропаднаа во вода сите обиди за вадење. Богдановиќ до гуша си во лаги, не се плеткај повеќе, признај, извини се, понеси одговорност и поднеси си оставка.

Залудни се сите обиди за релативизирање, не поминуваат!

Не може законите да важат за граѓаните, а за функционерите на СДСМ тие да не важат.

Градоначалник кој седи во кафеани во полициски час, додека народот умира не е градоначалник. Оставка веднаш.

видео: ВМРО ДПМНЕ

 

На почеток