Скопје

(ФОТО) Во Аеродорм поставени маси – се пие кафе

Во скопската населба Аеродром се чини дека не важи забраната за присуство на гости во угостителските објекти, донесена на владина седница. Ситуацијата на терен изгледа како пред неколку недели, поставени маси на надворешните делови од објектите, на кои се служат пијалаци, објави ТВ21.

Инаку, покрај угостителските објекти целосна забрана да примаат гости имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

извор: ТВ21.

фото:  ТВ21.

На почеток