Чекаме Џафери да го објави законскиот основ и документот според кој Караџовски одобрил позитивни пратеници да одат во Собрание. Караџовски нема право и правен основ да ги менува протоколите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на соопштението се додава:
Каков е тој документ потпишан од Караџовски со кој се суспендираат закони на неколку часа?
Дали Караџовски направил фалсификат документ или Џафери лаже.
Караџовски и Џафери да излезат и да ја кажат вистината.
Документ каков што тврди Џафери би бил правен преседан. Караџовски и Џафери да не се кријат и да објаснат дали се впуштиле во законско кршење за потребите на циркусот и театарот на Зоран Заев?!
фото: Архива