Македонија

Стојко се огласи по најавата за разрешување: Не знам и нема да работам поинаку!

Многу прашина се крена околу целата ситуација со директорот на ДПИ, Стојко Пауновски кој одби да ги прими „рамковно“ распределените вработените кои досега седеа дома, а земаа плата бидејќи како што истакна дел од нив немаат соодветно образование. Тој во кратка изјава за „Фокус“ даде појаснување на целиот настанат проблем, во кој став дадоа и премиерот Заев и Љупчо Николовски и Артан Груби.

„Тоа што јас го кажав не беше одлука, туку спроведување на закон во една институција која Владата ми ја доверила јас да ја раководам. Поинаку не знам и не сакам да работам“, ни истакна Пауновски.

 

Извор: „Фокус“

На почеток