Скопје

O2 иницијатива: Постоечката комунална и сообраќајна инфраструктура не дозволува изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“

Постоечката комунална и сообраќајна инфраструктура не дозволува изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“, велат жителите на Градски ѕид.
Според нив, соседите од Ново маало со реализација на предвидениот проект ќе извисат, а „кајмакот“ ќе го собере еден инвеститор бидејќи се нуди парцијално наместо интегрално решение за оваа локација на штета на нивниот и на јавниот интерес, се вели во објавата на ФБ на О2 иницијатива.

Во продолжение на истата од О2 иницијатива додаваат:

https://samoprasaj.mk/naacik/1984-2021-04-26-11-37-26

– И да, фекалната канализација директно ќе се излева во Вардар. Тоа е таа наша лажна урбаност за која архтектите, општините, град Скопје и други чинители не зборуваат. Никој кој одлучува за градби во државава НЕ ЗБОРУВА за фактот дека во најголем дел од земјава, фекалиите ги излеваме директно во нашите реки, езера.
Голем број на поддржувачи на кулите кои се планирани на парцелата 1.1, тоа е паркингот спроти Холидеј Ин, зборуваат за некаква „современост“, „држење чекор со современиот свет“ и градење на виски кули кои според нив се симбол на „урбаниот и модерен свет“. Само што во тој свет таму некаде, гомната не ги испуштаат директно во реките кои им течат низ градовите. Таму во тој урбан свет на високи кули има пречистителни станици. Ние НЕМАМЕ. И тоа не може, а да не биде еден од ГЛАВНИТЕ фактори за развојот на градов.

– Дополнително, каде е Град Скопје да излезе со колкав број на станови располага на својата територија, колку станови се непродадни, колку се празни, а колку се во фаза на изградба?

-Неофицијално во Скопје живеат приближно околу 900,000 жители.

Капацитетот на предвидената пречистителна станица за Скопје ќе биде за околу 400,000 жители и најрано може да се очекува после 2025 година. Тоа не ги задоволува потребите ни за половина од сегашните жители во Скопје. Повторно повеќе од половина град фекалиите директно ќе ги испушта во Вардар.

– Водоснабдителниот систем на главниот град е исто проектиран за 400,000 жители.

– Каде е Град Скопје и неговиот градоначалник Петре Шилегов да излезат со реални податоци колку всушност жители се можни во градов, ако почнеме да постапуваме по базичните потреби од пречистување на фекалните отпадни води, капацитетот на изворот Рашче, селектирање на отпадот, каде органскиот отпад треба да се компостира, да има стандардизирани претоварни станици и депонија според ЕУ стандарди каде само минимален дел од отпадот ќе заврши.

Зошто САМО според овие податоци, а не според нереални желби и потреби за финансии на општините и инвеститорите, може да се одреди каде ќе се задржи домувањето, а каде ќе треба да почнеме да РУШИМЕ. Зошто ресурсите се ОГРАНИЧЕНИ, а ние како град оддамна ги имаме надминато сите дозволени параметри.

извор: ФБ О2 иницијатива

На почеток