Трагедија му се случи на семејството Ибушоски од Македонија, кое во несреќен случај во местото Понте Гардена во Италија го загуби своето бебе, дознава 24 Инфо.
Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски загина откако во петокот околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на Ајас.
Три дена по несреќата пристигна и официјалното изјаснување за смртта на детето, кое настанала поради сериозните повреди добиени по ударот и падот.
Во меѓувреме, како што пишуваат италијанските медиуми, полицијата истражува како се случила несреќата.
Извор/фото:Агенции