Коментари

На денешен ден во 2001 година во Вејце загинаа македонски бранители

ВЕЈЦЕ …, нема кој не го памети ова, но се’ ќе се заборави ако не се потсетиме на овие вистински херои, патриоти и уставобранители кои го дадоа својот живот за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на државата која НЕ СМЕЕ да ги заборави, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.

ременски во објавата додава:

На денешен ден 28.04.2001 година загинаа овие наши деца.
Илче Стојановски загина и ѕверски беше убиен во Вејце. Беше дете од Средно полициско училиште Класа 19, Вод 1, соба 53. Загина како припадник на ПЕП од СВР Битола. Сите вистински полицајци го знаат и него и Кире Костадиновски и Бошко Најдовски кои беа цимери во соба 53.
Марјан Божиновски и Роберт и Игор и Миле и Бобан од АРМ …
АРМ и МВР пред 20 години изгубија предани професионалци и деца 🇲🇰
Слава им на сите и нека почиваат во мир

 

извор: ФБ Фросина Ременски

На почеток