Нема да се отстрани галијата сместена во реката Вардар, кај хотелот „Холидеј Ин“.
Од Кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за СДК.мк велат дека донесена е времена мерка за стопирање на извршувањето додека судот одговори на жалбата поднесена од сопственикот.
Инаку, Град Скопје на 5 април започна со отстранување на галијата, а на истиот ден и градоначалникот истакна дека исполнети се сите услови за галијата да се тргне од коритото на реката.
извор: СДК.МК