200 илјади кинески вакцини од компанијата “Синофарм” утрово пристигнаа во поликлиниката “Јане Сандански ” во Скопје.
Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕио.
Вакцините ќе бидат распоредени во шест вакцинални пунктови низ државава по што ќе започне масовната вакцинација на населението во Македонија.