Свет

Од утре вакцинираните лица во Србија добиваат дигитални ковид сертификати

Премиерката Ана Брнабиќ објави дека вакцинираните граѓани на Србија ќе добијат дигитални ковид сертификати. Брнабиќ истакна дека Србија воспостави одличен ИТ систем од почетокот на процесот, кој овозможува издавање на електронски сертификати што треба да овозможат патување на вакцинираните граѓани.

Брнабиќ пред пратениците порача дека вкупно 2.150.280 граѓани биле вакцинирани во Србија со најмалку една доза, што е над 30 проценти од вкупната возрасна популација.

Втората доза на вакцина, како што додаде, ја примиле 1.462.125 граѓани, што е 25,6 проценти од возрасната популација.

Таа додаде дека Србија наскоро ќе има околу 40% вакцинирани од вкупното население што е како што оцени добро, но истовремено посочи дека има големи разлики меѓу градовите и општините.

фото: Архива

На почеток