Македонија

Антикорупциска отворила предмет за новата претседателка на Судскиот совет

Антикорупциската комисија отворила предмет за имотната состојба на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, потврдила претседателката на комисијата Билјана Ивановска за Телма ТВ.

Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка односно дека нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, преку фирмата „Екопласт Рисајклинг“ зел кредит од 1,6 милиони евра и не го враќал две години. Дополнително, рекоа тие, и ќерката на Црвенковска била вработена во банката. Оттука тие реагираа дека сега на чело на Судскиот совет кој ја контролира работата на судовите кои треба да судат за случувањата со Еуростандард банка, е поставена сопруга на должник на банката.

Текстот во целост на:Телма ТВ.

На почеток