Два стана, две куќи и 250 илјади евра во кеш во судската благајна била последната понуда на двајцата адвокати на Орце Камчев во обид да го убедат Апециониот суд, осомничениот бизнисмен да биде пуштен од затворски во домашен притвор. Но апелационата судијка Тања Милева оценила дека гаранцијата не е доволна бидејќи и скопското Вишо обвинителство оценило дека и покрај толкава сума, се уште постои опасност од бегство, објави Телма.
Одлуката е донесена вчера и за осомничениот во Империја и Плацевите на Водно продолжува вториот месец од притворот во Шутка. Од Апелациониот суд за Телма потврдија дека одлуката е донесена и испратена во надлежниот скопски кривичен суд, каде ќе биде отворена и заведена после празниците.
Адвокатот на Камчев, Антонио Апостолски во телефонска изјава за Телма вели дека одлуката е донесена без да им се овозможи и да бидат повикани адвокатите на јавна седница која е законски задолжителна кога се расправа по жалби за вакви истраги и кривични дела.
Текстот во целост на: Телма.