Македонија

70 Лица не го почитувале полицискиот час, а 553 лица се казнети за неносење маска

Од 21.00 часот (30.04.2021) до 05.00 часот (01.05.2021) констатирано е дека 70 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30.04./01.05.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 553 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.

фото: Архива

На почеток